Временска прогноза

Сончево и топло со температура до 37 степени

06.09.2026 08:33

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Утринската температура ќе биде од 12 до 21 степени, а дневната ќе се движи од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.