пожари

Продолжува борбата со огнените стихии

06.09.2026 09:16

На терен продолжува борбата со огнените стихии. На непристапните места се интервенира и од воздух. Состојбата алармантна. Во последните 24 часа регистрирани се 30 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 5 се под контрола и 19 се изгаснати...

На терен продолжува борбата со огнените стихии. На непристапните места се интервенира и од воздух. Состојбата алармантна. Во последните 24 часа регистрирани се 30 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 5 се под контрола и 19 се изгаснати.

Активни се пожарите кај селата Грачани, Никиштани, Белица кај Македонски Брод, во Општина Чучер-Сандево кај селото Брест, во кичевските Кнежино, Добреноец и Тајмиште, како и во општина Ново Село: с. Стиниќ.