Насилството во пораст, и дома и онлајн
Се зголемува семејното насилство. Некои велат-се охрабруваат жртвите, други-станува недофатливо психолошкото и сајбер насилството. Локалните капацитети не се доволни…

Семејното насилство е во подем во прилепско. Можеби зашто жртвите се охрабруваат да пријавуваат, но ситуацијата станува нерешлива со сајбер, или интернет насилството. Локалните капацитети не се функционални.
Во 90 проценти од случаите се жени, има само еден насилник отстранет од семејството. А најголемото насилство е од сегашниот или поранешен партнер. Жртвите остануваат економски зависни, им се бараат докази за физичкото насилство, ама психолошко, кое расте, останува непрепознатливо. Како поплаки, а не кривични дела.
Засега, тешко е справувањето со сајбер насилството. Уште повеќе во малите средини.
Семејното насилство тешко се искоренува во малите средини.
Елизабета Митреска
