Македонија

Во Струмица откриена спомен биста за Џоче и останатите ангели од Кочани

06.09.2026 12:36

На иницијатива на другарите и колегите, во Струмичкиот парк откриена спомен биста на Џоче Ѓеоргиев и останатите кои настрадаа во Кочани. Ова обележје нека биде потсетник за трагедијата и дека младите заслужуваат безбедност каде и да се. По струмичките улици имаше и марш за ангелите...

Џоче те сакаме. Ова беше пораката од семејството и струмичани по откривањето на спомен бистата во Струмица на тапанарот на ДНК Џоче Ѓеоригев кој настрада во големиот пожар во Кочани. Ова биста нека биде потсетник за трагедијата и фактот дека младите заслужуваат безбедност каде и да се кажа татко му Драги Ѓеоргиев, татко на Џоче.

Спомен бистата е поставен на тапан на кој има 64 ѕвезди како илустрација на сите што загинаа во трагедијата во Кочани. Иницијативата за спомен обележје произлезе од неговите другари кои ги собраа и потребните средства.

Пред откривањето на спомен бистата имаше и марш за ангелите по улиците на Струмица.

На настанот во градскиот парк во Струмица присуствуваа голем број музичари со кои соработуваше Џоче кој работеше во музичкото училиште Боро Џони.

 

Ване Трајков