35 предмети за 35 години независност
35 предмети за 35 години независност – со оваа симболична изложба, Археолошкиот музеј ја раскажува историјата на просторот на кој денес се простира нашата држава. Во пресрет на 8 Септември, 35 археолошки предмети откриваат приказни за луѓето, културите и цивилизациите што оставиле трага на ова тло – многу пред создавањето на современата државност…

35 години независност – но историјата на просторот на кој денес се простира нашата држава е многу, многу постара. Во пресрет на Денот на независноста, Археолошкиот музеј со симболичен број – 35 – раскажува 35 приказни преку 35 археолошки предмети. Од далечното минато до современата државност – сведоштва за луѓето, културите и цивилизациите кои оставиле трага на ова тло.
Секој предмет е приказна за едно време, еден човек, една култура или начин на живот. Предметите не зборуваат само за минатото – тие откриваат колку слоевита е историјата на просторот на кој живееме денес.
На прв поглед – само артефакт. Но зад него стојат време, знаење, технологија, уметност и луѓе.
И токму преку ваквите предмети, минатото престанува да биде само лекција од учебник.
Станува вистинско визуелно доживување почнувајќи од 8 септември, па се крајот на месецот.
Зад секој од овие експонати не стои само минатото, туку и дел од приказната за просторот, луѓето и културите што низ вековите го создавале она што денес го нарекуваме дом. Во пресрет на Денот на независноста, Археолошкиот музеј нè потсетува – историјата на една држава можеби има датум, но приказната е многу постара.
Кристина Талеска Големтеова
