БИБЛ

Нема веќе фајнал-фор, за титулата финален двомеч

30.09.2014 14:57

Наместо преку „фајнал фор“ турнир, победникот на годинашната БИБЛ ќе биде решен со финален двомеч на двете најдобри екипи по принципот дома/гости. Ова е главната промена на натпреварувачкиот систем за новото издание на регионалната кошаркарска лига, коешто ќе почне кон средината на октомври. Македонија и годинава ќе ја претставуваат Кожув и Куманово.

Од двете групи со по пет екипи, само последнопласираните нема да продолжат во вториот круг, во којшто ќе се формираат две нови групи од по четири, (група Ц со А1, Б2, Б3 и А4 и група Д со Б1, А2, А3 и А4). Победниците на тие две четвртфинални групи ќе се пласираат во полуфиналето, а второ- и третопласираните ќе разигруваат за место меѓу најдобрите четири.

Куманово ќе игра во групата А со Рилски Спортист, Сутјеска, Пеќ и со Теодо, додека Кожув ќе биде дел од групата Б со Сигал Приштина, Влазнија, Морнар и со Крајова.