Американските посредници по Москва, во Киев ќе го претстават предлогот за завршување на војната во Украина
Американските посредници по Москва, во Киев ќе го претстават предлогот за завршување на војната во Украина. По средбата со рускиот претседател Путин деталите ќе му ги претстават на украинскиот претседател Зеленски.

По состанокот со Путин во Москва, американските преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер на средба со украинскиот претседател Зеленски во Киев. На маса, идеите на Вашингтон за ставање крај на војната, како и забелешките и проценките од тричасовните разговори со рускиот шеф на државата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков објави дека американскиот тим изразил интерес за што побрзо прекинување на непријателствата и понудил цела низа размислувања во врска со можните патишта кон решение. Официјален претставник на Белата куќа соопшти дека двете страни разговарале за суштински планови за следните чекори, кои ќе бидат објавени во наредните недели.
„Руската страна даде јасни и сеопфатни проценки за ситуацијата што се одвиваше за време на специјалната воена операција. Го истакна значајниот напредок на руската Армија во зоната на борбени дејствија и изрази доверба во остварувањето на своите цели. И, секако, ја нагласи потребата од решавање на сите основни причини за конфликтот“, изјави Јуриј Ушаков-советник на рускиот претседател Путин.
Путин и Зеленски наредија тридневен прекин на огнот за време на посетата на американската делегација, но двете страни не се согласиле на поширок прекин на огнот.
Ирина Гелевска
