Мировен план за војната

06.09.2026 16:00

По Путин, Виткоф и Кушнер на средба со Зеленски во обид да ги приближат позициите на двете страни за постигнување мировен договор...

По средбата со Путин во Москва, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер допатуваа во Киев на разговори со Зеленски. На маса, идеите на Вашингтон за ставање крај на војната во Украина, како и забелешките и проценките од тричасовните разговори со рускиот претседател Путин. Ова е прва посета на Виткоф и Кушнер на Киев откако започна војната и се случува во време на постојани руски ракетни и дронски напади во државата. Зеленски одржа состанок со својот преговарачки тим пред разговорите со Американците. Киев го отфрли барањето на Русија да се повлече од делови од источна Украина кои прогласија отцепување и интеграција во Руската Федерација.

„Заинтересирани сме да го приближиме крајот на војната. Потребен е мир. потребни се безбедносни гаранции. Потребен е праведен и одржлив повоен мир. нашите предлози се подготвени“.

Украинците со поделени мислења. Едни оптимисти, други скептични дека американските посредници ќе придонесат за крај на војната.

„Се надевам дека овие чекори, овие состаноци, дефинитивно ќе дадат резултати, бидејќи имаме толку многу крв, толку многу смрт тука, што мора да го запреме сето ова“.

„Никакви резултати нема да произлезат од разговорите. Го видовме овој чин на прекин на огнот три дена како завршува за неколку часа. а сега е наивно да се мисли дека двајца луѓе ќе дојдат и ќе променат нешто“.

За време на посетата на Виткоф и Кушнер, Путин нареди тридневен прекин на нападите врз Киев. советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков објави дека американскиот тим изразил интерес за што побрзо прекинување на непријателствата и понудил низа размислувања за можните патишта кон решение.

„Руската страна даде јасни и сеопфатни проценки за ситуацијата што се одвиваше за време на специјалната воена операција. Го истакна значајниот напредок на руската Армија во зоната на борбени дејствија и изрази доверба во остварувањето на своите цели. и, секако, ја нагласи потребата од решавање на сите основни причини за конфликтот“, изјави Јуриј Ушаков-советник на рускиот претседател Путин.

Официјален претставник на Белата куќа соопшти дека американските посредници на средбите со Путин и Зеленски Путин разговарале за суштински планови за следните чекори, кои ќе бидат објавени наредниве недели. По најновата мировна иницијатива на Вашингтон, можна е средба на претседателите на сад, Русија и кина во ноември, на која би се разгледал и мировниот план за војната во Украина.

Ирина Гелевска