САД нападнаа ирански танкери
Според централната команда, еден ирански танкер е целосно потопен во Оманскиот залив, додека други два се трајно онеспособени во близина на стратешкиот остров Карг и источно од Ормускиот теснец...

Ескалација на кризата на Блискиот Исток. Американската армија нападна три ирански танкери за нафта, како одговор на ракетните напади насочени кон воените бродови на САД во регионот. Според централната команда, еден ирански танкер е целосно потопен во Оманскиот залив, додека други два се трајно онеспособени во близина на стратешкиот остров Карг и источно од Ормускиот теснец.
Вашингтон предупреди дека, доколку е потребно, целосно ќе ја уништи иранската нафтена флота, тврдејќи дека овие пловила се дел од илегална мрежа за финансирање на иранската револуционерна гарда.
