Нов смртен случај

06.09.2026 16:08

Осма жртва на западнонилска треска. Почина 70-годишник од скопско Драчево кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести...

Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина 70-годишник од скопско Драчево кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести. Пациентот бил во критична состојба и имал неколку коморбидитети.

Вчера беа потврдени 2 нови случаи од институтот за јавно здравје. Сезонава има 58 случаи на заболени со вирусот западен нил.

Сите починатите досега се мажи на возраст од 62 до 83 години, и сите имале и други заболувања. И додека власта посочува дека западнонилската треска е предизвик за цела Европа, каде има над илјада починати, опозицијата обвини дека се задоцнило со реакцијата.

Најмногу случаи од западнонилска треска досега се пријавени во Кисела вода, Аеродром, Гази баба и Бутел.

 

Александра Спировска