Јанушев: Незаконското постапување на возачот е исклучиво негова лична одговорност
Тој порача дека за вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот...

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев се огради од постапувањето на приведеното лице. Тој порача дека за вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот.
„Целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции“, вели генералниот секретар на Владата.
