АфД победник на изборите во Саксонија-Анхалт
По затворањето на гласачките места во 18 часот, првичните извештаи покажуваат дека оваа партија освоила над 44 проценти од гласовите, драстично повеќе од конзервативната ЦДУ која стигнала до едвај со 18,5 отсто...

Крајнодесничарската партија, Алтернатива за Германија е победник на изборите во источногерманската сојузна покраина Саксонија-Анхалт, покажаа излезните анкети. По затворањето на гласачките места во 18 часот, првичните извештаи покажуваат дека оваа партија освоила над 44 проценти од гласовите, драстично повеќе од конзервативната ЦДУ која стигнала до едвај со 18,5 отсто.
АфД ги прогласи изборите за историски, порачувајќи дека има мандат сама да формира влада, одбивајќи коалиции со други партии, што ќе биде првпат по Втората светска војна, крајната десница да управува со германска покраина.
