Артан Груби на обвинителна клупа
Освен Груби, обвинети сè уште седуммина. Првообвинетиот, Перпарим Бајрами како поранешен директор на Лотарија, е во бегство...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби пред Судечкиот совет треба да каже дали се чувствува виновен за злоупотребата на 8 милиони евра во Државна лотарија. На обвинителната клупа седна пред 10-на дена, но почетокот на судењето се одложи, по барање на неговите адвокати, кои не ги добиле доказите. Освен Груби, обвинети сè уште седуммина. Првообвинетиот, Перпарим Бајрами како поранешен директор на Лотарија, е во бегство.
Обвинителството, злоупотребата на службената положба ќе ја докажува со 231 материјален доказ, а ќе бидат повикани и седуммина сведоци. Иако Обвинителството во текот на истрагата ги гонеше груби за проневера во службата за кое дело се предвидени високи затворски казни, по затворање на истрагата, од Обвинителството објаснија дека обезбедените докази укажале оти лицата ја злоупотребиле службената положба.
