Одреден списокот репрезентативци (-21 год.) за контролниот меч со Романија

30.09.2014 15:12

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 годишна возраст Благоја Милевски го соопшти списокот за претстојниот пријателски натпевар против Романија. М еѓу 21 повикани фудбалери се враќа Давид Бабунски од Барселона Б, а нови имиња се играчот од средниот ред на Турново Ѓорѓи Стоилов, како и напаѓачот Филип Пивковски од италијанскиот лигаш Новара член на Лега про.

Милевски кој беше избран за селектор на младата репрезентација пред 12 дена најави дека нема да има драстични промени во составот, во однос на тимот кој ги заврши претходниот квалификациски циклус против Израел. Подготовките ќе се одвиваат во Дојран од 7 до 12 октомври, а мечот со Романија е закажан за 13 октомври на Националната арена  „Филип 2 Македонски“.        

Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.)

Одбрана: Филип Ристевски (Металург), Ѓоко Зајков(Рен, Франција), Јасир Асани (Вардар),Виктор Талевски (Брегалница Ш.), Висар Муслиу (Сент Гален, Швајцарија), Ангелче Тимовски (Силекс), Леон Најдовски (Македонија ЃП)

Среден ред: Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бесир Демири (Шкупи), Бурхан Мустафов (Палистер), Ѓорги Стоилов (Хоризонт Турново), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Бобан Николов (Виторул Констанца, Романија)

Напад:  Валмир Нафиу (Хамбургер, Германија),Димитар Иванов (Вардар), Филип Пивковски (Новара, Италија), Демир Имери (Шкендија), Кристијан Костовски (Силекс), Виктор Ангелов (Металург).