Блиски Исток

Ново засилување на тензиите меѓу САД и Иран

07.09.2026 09:42

Иранската Револуционерна гарда тврди дека со балистички ракети нападнала американски воен брод и разорувач, додека Техеран предупредува на силен одговор на секој нов напад.

Ново засилување на тензиите на Блискиот Исток. Иранската Револуционерна гарда тврди дека со балистички ракети нападнала американски воен брод и разорувач, додека Техеран предупредува на силен одговор на секој нов напад.

Во јужен Либан, во израелски напади загинаа најмалку четири лица, а 20 се ранети. Либанскиот претседател Аун побара меѓународна интервенција за запирање на нападите. Во меѓувреме, Израел нареди отстранување на дел од нелегалните еврејски населби на Западниот Брег.

Во Јемен продолжуваат борбите меѓу владините сили и Хутите, а САД тајно ги расчистуваат морските мини во Ормускиот теснец.