САД

Петмина загинаа во авионска несреќа во Мајами

07.09.2026 12:45

На местото интервенирале над 60 спасувачки единици. Дел од пистите привремено беа затворени, а сообраќајот продолжи со доцнења.

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени откако товарен авион „Боинг 767“ на „Амазон“ кој пристигнувал од Порторико, излетал од пистата при слетување на аеродромот во Мајами, удрил во неколку возила и се запалил на поле веднаш до аеродромот. На местото интервенирале над 60 спасувачки единици. Дел од пистите привремено беа затворени, а сообраќајот продолжи со доцнења.

„Авионот ја прелета пистата број 30 и се урна на поле во близина на аеродромот. Во овој момент можеме да потврдиме најмалку пет починати лица и повеќе повредени, кои се пренесени во локалните болници. Сцената сè уште е активна, па ги повикуваме граѓаните да не доаѓаат во областа доколку немаат потреба“, рече Роузи Кордеро-Стуц, шериф на Мајами-Дејд.

Причините за несреќата се истражуваат.