Град Скопје
Во среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје
07.09.2026 12:22
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

На подрачјето на градот Скопје во среда, 09.09.2026, ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.
Прскањето ќе се одвива на водни површини.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
