Убиство во Скопје, 25-годишник застрелан со повеќе куршуми
Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од петмина скопјани, при што бил погоден 25-годишник, кој подоцна починал во болница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Синоќа половина час пред полноќ, во скопската населба Дуќанџик, во Чаир, двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од петмина скопјани, при што бил погоден 25-годишник, кој подоцна починал во болница, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во моментот на нападот петтемина, сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма. Тогаш пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, било пукано со огнено оружје кон групата, по што двајцата напаѓачи побегнале.
Повредениот, со итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.
Засега не се соопштува дали напаѓачите се идентификувани, ниту што е можниот мотив за убиството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
