Македонија

Водата за пиење во Скопје безбедна, покажале 410 лабораториски анализи

07.09.2026 14:04

Примероците биле земени од 44 мерни места во градот Скопје.

Во периодот од 31 август до 4 септември, Секторот за санитарна контрола зел 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа. Сите анализирани примероци вода за пиење во Скопје се исправни и одговараат на пропишаните стандарди за безбедност и квалитет, соопшти ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. Примероците биле земени од 44 мерни места во градот Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека според добиените лабораториски резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.