Низок опфат на имунизација во прилепскиот регион
Загрижува нискиот процент од 62 насто на опфатот со вакцинацијата, наспроти потребните 95 проценти. И во прилепско не е доволна имунизацијата од заразни болести. Недостасуваат медицински тимови, едукација на родителите, а потребни се и законски измени...

Иако е нешто повисок опфатот на вакцинација во прилепскиот регион, наспроти државниот низок процент од 62 насто, сепак е недоволен за заштита на населението од заразни болести.
Последните десет години се бележи тренд на намалување и стануваат недостижни потребните барем 95 проценти од имунизацијата. Освен глобалниот проблем со дезинформации за вакцините, се соочуваме со недостиг од медицински тимови, теренска вакцинација и недоволна едуцираност на родителите.
Потребни се измени во Законот за заштита од заразни болести, зашто епидемиите од соседството лесно може да се прелеат кај нас. Не ги искоренивме малите сипаници, а неодамна се соочивме со епидемија на пертусис.
Право, а не привилегија, на секое дете е да биде здраво и заштитено од заразни болести.
Елизабета Митреска
