МВР
Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје
07.09.2026 15:16
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок...

Вчера во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
