ДТИРЗ

Странските инвестиции достигнаа 1,381 милијарди евра, зголемен интересот за инвестирање во Македонија

07.09.2026 15:49

Приливот на странски директни инвестиции во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година достигна 1,381 милијарди евра, што е за 86 отсто повеќе во споредба со анализираниот период од јуни 2017 до мај 2019 година. Зголемен е и приливот на странски инвестиции по глава на жител – од 405 на 752 евра.

Расте интересот за инвестирање во Македонија, покажуваат податоците за приливот на странски директни инвестиции.

Во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигнал 1,381 милијарди евра, што претставува зголемување од 86 отсто во однос на периодот од јуни 2017 до мај 2019 година.

Истовремено, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител е зголемен од 405 на 752 евра.

Од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) оценуваат дека податоците се показател за зголемен интерес за инвестирање и за потенцијалот на земјава како атрактивна инвестициска дестинација.