Со совет од консултант до поголем профит

30.09.2014 15:30

Во стотина компании, странски консултанти ангажирани од владата работата со менаџерскиод кадар како да ги усоврши производствените капацитети и услуги за поголема конкурентност и зголемен профит...

Фирмите што користеле  консултантска помош, за 60 насто ја зголемиле продажбата, вработиле нов кадар, обезбедиле пристап до надворешно финансирање во форма на кредити- говори анализата на Европската ванка за обнова и развој. Многу од бизнисите сеуште не се свесни за придобивките од трансферот на знаења- тврдат експертите.

Вистинските промени се случуваат тогаш кога ќе примат совет од компетентна личност и во вистинско време. Како што компаниите растеле го зголемувале бројот на вработени, односно креирале нови 700 работни места. Значен индикатор е што 20 проценти од компаниите пристапиле до надворешно финасирање во форма на кредити или сопственичко инвестирање и притоа инвестирале 30 милиони евр“,  посочи Маја Антевскa, национален менаџер во ЕБОР Македонија.

Информатичка компанија која ангажирала консултант од Ирска за краток период успеала да постигне раст на бизнисот, да ја зголеми продажбата, да се најде пред нов предизвик – немање кадар за реализација на сите потенцијални проекти.

„Можеме да забележиме дека имаме зголемена продажба и компанијата расте во ланецот на правење бизнис. Практично сега веќе се соочуваме со еден друг проблем, имаме продажба но немаме доволно ресурси за да можеме да ги реализираме сите потенцијални проекти“, вели Виолета Велевска, раководител во информатичка компанија.

Потковани со знаења за развој на производството и освојување на нови пазари, малите и средни бизниси од меѓународните експерти добиваат и насоки како да дојдат до финансии од меѓународните иснтитуции.

„Потребен им е пристап до компетентни знаења да ги развијат бизнис плановите и стратегиите за менаџирање и способностите за пристап до финансии“, посочува Миха Швенд, раководител на Регионалната програма на ЕБРД за бизнис.

Во стотина компании, странски консултанти ангажирани од владата работата со менаџерскиод кадар како да ги усоврши производствените капацитети и услуги за поголема конкурентност и зголемен профит. 

 

Сузана Фиданска Стоевска