Вила Водно

Сиљановска - Давкова: Силна држава се гради со силни и функционални институции

07.09.2026 17:13

Држава не се гради само со одржување демократски избори и формирање институции, туку и со нивно зајакнување, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова во пресрет на 35-годишнината од независноста. Таа се осврна на патот на државата од независноста до денес, додека на панел-дискусија учесниците говореа за предизвиците пред институциите и демократијата.

Држава не се гради само со одржување на демократски избори и формирање на институции, туку преку нивно зајакнување, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Осврнувајќи се на значењето на АСНОМ и патот на државата низ изминатите децении, таа истакна дека силна и демократска држава се гради преку почитување на правото, заштита на човековите права и институции кои навистина функционираат. Според неа, мудрите одлуки на нашите политичари овозможија Македонија да ја стекне независноста избегнувајќи војна, за разлика од другите држави од поранешна Југославија.

Институциите и државата долго време беа заробени токму поради пропорционалниот систем на гласање, кој го краде суверенитетот на граѓанинот. Партиите ги одбираат пратениците, функционерите ги поставува владејачката партија, кои често имаат свои интереси – став на учесниците на панел-дискусијата на тема „8 Септември“ низ призмата на непосредни учесници и сведоци.

Во пресрет на одбележувањето на 35 години независност, шефицата на државата ги прими талентираните ученици од основните и средните училишта, посакувајќи им успех во иднина.

Министерката за образование Весна Јаневска порача дека државата ќе продолжи да стои зад нивното напредување и им порача никогаш да не заборават од каде потекнуваат.

Марина Стојанова-Тонева