Интензивирање на меѓуградскиот воз Скопје - Куманово, најави вицепремиерот Николоски
Интензивирање на железничкиот сообраќај во наредниот период, најави Николоски. Тој изврши примопредавање на пет комунални возила. Наскоро се очекува да пристигнат и електрични автобуси. Општината со поддршка на министерството продолжува и со други инфраструктурни проекти.

Интензивирање и зголемување на фреквенцијата на меѓуградскиот воз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Возот Скопје-Куманово во моментов сообраќа само двапати. Целта е граѓаните, пред сè учениците и студентите, да патуваат поевтино. Линијата во Скопје за само три дена ја искористиле 1.500 патници.
На Куманово Николовски предаде пет комунални возила, донација од Владата преку Светската банка. Со поддршка на министерството се реализираат неколку инфраструктурни проекти. Растот од 22 отсто во градежништвото, е очекуван, рече Николоски.
„Во 2024 година ги поставивме темелите, базата, проектите и веќе од 2025 година гледаме силен раст во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал највисоко тримесечје, вкупно завршени работи се 242 милиони евра за само три месеци споредено со исто период минатата година растот е околу 22 проценти, а и минатата година имаше раст, така што навистина градежништвото станува основен двигател во економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период да реализираме проекти кои ќе значат сериозен раст на градежништвото и БДП-то-истакна министерот за транспорт и вицепремиерот Александар Николоски.
Новите возила би требало да го подобрат работењето на комуналното претпријатие. Првиот човек на Куманово им се извини на граѓаните за нередовното собирање на смет, укажувајќи на проблемот со дотраениот возен парк. Најави решение до крајот на годината.
„Општина Куманово покрај оваа донација којашто ја доби директно од Владата преку ресорното министерство директно аплицираше и на поголем број на повици и во Владата и во ресорното министерство за транспорт и врски сите се одговорени позитивно. Во моментов се имплементира проектот за реконструкција на градската капела, дополнително ќе следува и првата изградба на мост на Крива Река во село Довезенце и дополнително уште други инфраструктурни проекти со изградба на улици“, истакна градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Наскоро треба да пристигнат и нови електрични автобуси, кои ќе се донираат на градовите.
Елена Георгиевска
