Одбележување

Независноста го чува континуитетот од двата Илиндена

08.09.2026 12:27

Од првиот до, таканаречениот, трет Илинден – 8 Септември, го чуваме континуитетот на навестувањето, создавањето и растот на македонската држава. А каков е односот на новите генерации? Според историчарот Зоран Богески, малку се изучува македонската историја на часовите во училиштата.

Осми Септември е симболичен, трет, Илинден и е кулминација на претходните два – создавање македонска држава со организиран институционален систем, смета историчарот Зоран Богески.

Граѓаните се согласуваат дека треба повеќе да се знае за Празникот, а учениците недоволно ја учат сопствената историја.

Современиот начин на живот успева преку глобализацијата сите тие придобивки, вредности и утврдени параметри да ги разниша.

Илинден е длабоко вткаен во 8 Септември и е македонскиот национален код. Нашата свесност за значењето е одговорна за новите генерации.

Елизабета Митреска