Убиство во Скопје
МВР работи на расчистување на убиството на 26-годишен маж во скопски Дуќанџик. Нападот се случил синоќа околу 23:30 часот ...

Додека седеле пред излогот на еден од дуќаните, одненадеж пред нив излегол мотоцикл на кој имало двајца, кои почнале да пукаат во нив. Неколку од куршумите смртно го застрелале 26-годишно момче, едно од петте кои се наоѓале на раскрсницата меѓу улиците „Војдан Чернодрински“ и „Прохор Пчински“ во скопски Дуќанџик. Сторителите по пукањето избегале. Крвавиот инцидент се случил доцна синоќа околу 23 и 30 часот, а МВР работи на расчистување на случајот.
Од МВР не се соопштуваат мотивите за убиството. Од Обвинителството информираа дека на самото место е извршен увид, биле прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење, издадена е наредба за обдукција.
Викторија Милевска
