Зголемен сообраќај на патиштата, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но со зголемен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. АМСМ апелира на внимателно возење и прилагодена брзина, особено на делниците каде што постои опасност од одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
