Реконструираниот охридски аеродром денеска во употреба
По речиси две децении, денеска во употреба се пушта реконструираниот охридски аеродром „Св. Апостол Павле“. Со инвестиција од речиси 3 милиони евра проширени се патничкиот терминал, шалтерите за чекирање, просторот за безбедносни проверки и гејт-зоната, со цел да се одговори на зголемениот број патници. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот аеродром во Охрид, „Св. Апостол Павле“. Неговата реконструкција доаѓа по речиси две децении со инвестиција од скоро 3 милиони евра, а во време на зголемување на фреквенцијата на патници.
Проширени се капацитетите, патничкиот терминал, повеќе шалтери за чекирање, поголем простор за безбедносни проверки, за подигнување на багаж, а проширена е и гејт зоната.
На пуштање тона реконструираниот аеродром во Охрид ќе присуствува и премиерот Мицкоски.
