Русија повторно го нападна Киев, Кремљ не исклучува продолжување на преговорите
По тридневна пауза, Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети и дронови - има повредени и материјална штета. Нападот доаѓа во време на засилени дипломатски активности на Вашингтон, додека Кремљ остава отворена можност за продолжување на трилатералните преговори меѓу Русија, Украина и САД.

Русија го нападна Киев по краткото примирје, со балистички ракети и дронови. Има повредени, а оштетени се станбени згради и училишта. Нападот уследи по тридневната пауза во воздушните напади, додека американски претставници ги посетија Москва и Киев во обид да го продолжат дипломатскиот процес. Кремљ не ја исклучува можноста за продолжување на трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина.
„Не ја исклучуваме можноста за продолжување на овој тристран формат, но рано е да се разговара за местото и точниот термин“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Зеленски смета дека Путин можеби сака да му обезбеди дипломатска победа на Трамп пред среднорочните избори во САД, но предупреди дека Москва не покажува подготвеност за сериозни отстапки.
