ЦУК
ЦУК: 36 пожари на отворено во последните 24 часа, 3 активни
08.09.2026 08:58
Центарот за управување со кризи во изминатите 24 часа биле регистрирани 36 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 5 се под контрола, а 28 се изгаснати...
..

Според последните информации на Центарот за управување со кризи во изминатите 24 часа биле регистрирани 36 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 5 се под контрола, а 28 се изгаснати.
Активни се пожарите кај струшките села Буринец, Локов и Селце каде гори нискостеблеста шума, пожарот кај македонски брод, кој ја има зафатено околината кај селата Белица и Брезница, гори нискостеблеста и мешана шума, а, активен е и шумскиот пожар кај селото Бенче.
