Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив, Вашингтон најавува одговор

08.09.2026 08:20

Нови тензии во Персискиот Залив. Иран воведува зона на ограничување и најавува нови навигациски рути низ Ормускиот теснец. Техеран предупредува на санкции за бродовите што нема да ги почитуваат мерките, додека Вашингтон најавува решителен одговор. Намалениот сообраќај низ теснецот веќе влијае врз растот на цената на нафтата.

Иран воведува нова зона на ограничување во Персискиот Залив и најавува нови навигациски рути низ Ормускиот теснец.

Техеран предупредува дека бродовите што ќе влезат во зоната ќе бидат санкционирани, а теснецот ќе биде отворен само доколку САД ги прекинат нападите и заканите кон Иран.

Вашингтон најави решителни мерки против обидите на Техеран да ја наруши пловидбата.

Мерката доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот, а намалениот сообраќај низ теснецот веќе придонесе за раст на цената на нафтата.