Латвија планира царина од 300 проценти за житото од Русија и Белорусија
Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото од Русија и Белорусија, со цел дополнително да ги намали економските врски со двете земји. Одлуката следува откако Москва го зголеми транспортот на жито преку латвиските пристаништа поради нарушените извозни рути преку Црното и Азовското Море.

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија, откако Русија го зголеми транспортот на жито преку латвиските пристаништа поради нарушените извозни рути преку Црното и Азовското Море.
Мерката има цел да ги минимизира економските врски на Латвија со Русија и со Белорусија, која ја поддржува.
„Народот на Латвија и латвиската држава не треба да ја поддржуваат воената економија на Русија, чии приходи во голема мера се користат за уништување на цивилното население и Украина како држава“, изјави Даце Мелбарде, секретар на Министерството за надворешни работи на Латвија.
