Шпанија отвори истрага за мигрантскиот наплив во Сеута, сомнежи за хибриден напад
Шпанија отвори кривична истрага за масовниот наплив на мигранти во Сеута, откако полициски извештај посочи на можно олеснување на преминувањето од марокански граничари. Случајот се разгледува и како можен хибриден напад, додека европските лидери предупредуваат дека заштитата на надворешните граници е клучна за зачувување на Шенген-зоната.

Шпанија отвори кривична истрага за масовниот наплив на мигранти во Сеута, откако полициски извештај посочи дека марокански граничари го олеснувале преминувањето на границата.
Судот го разгледува случајот како можен хибриден напад, но Мадрид засега вели дека нема цврсти докази за вмешаност на мароканските власти.
Случајот повторно го отвора прашањето за контролата на надворешните граници на ЕУ.
Италијанската премиерка порача дека нивната заштита е клучна за зачувување на Шенген-зоната.
„Шенген-зоната најдобро можеме да ја зачуваме само со заштита на надворешните граници на Европската Унија и со тоа што сите земји-членки ќе продолжат да придонесуваат во борбата против трговијата со луѓе“, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Италија и Шпанија ги продолжија меѓусебните гранични контроли во Шенген-зоната, воведени по мигрантскиот наплив во Сеута.
