8 Септември

Сиљановска-Давкова : Честит 8 Септември – празник на нашата независност

08.09.2026 10:31

Сиљановска-Давкова потсетува дека македонската независност почива на довербата на секој граѓанин во државата и капацитетот на институциите, на меѓусебната доверба и на искрената и непоколеблива вера во македонската иднина.

„Пред 35 години го доживеавме нашиот трет Илинден, го заокруживме делото на илинденците и асномците, создавајќи свој национален и заеднички граѓански дом, без оглед на етничката и верската припадност“, вели претседателката во празничната честитка.

Сиљановска-Давкова потсетува дека македонската независност почива на довербата на секој граѓанин во државата и капацитетот на институциите, на меѓусебната доверба и на искрената и непоколеблива вера во македонската иднина.

„Изминатите три и пол децении се соочивме со тешки искушенија, блокади и двојни стандарди, коишто стимулираа несакани внатрешни процеси и проблеми.

Еден од најголемите е иселувањето на младите луѓе во потрага по подобар живот. Со секое заминување се прекинува нишка во нашето ткиво, а секоја празна училишна клупа е молчалив потсетник дека ги губиме оние кои беа и сè уште се нашата најголема надеж. Болната вистина не смее да нè парализира, туку мора да нè мобилизира. Имаме генерациска одговорност да ги искорениме криминалот и корупцијата, да воспоставиме бескомпромисно владеење на правото и да изградиме мирно и праведно општество на рамноправни и еднакви граѓани“, порачува шефицата на државата.