Одбележување

Филипче: Да изградиме европска Македонија за идните генерации

08.09.2026 11:36

Честитка до граѓаните по повод Денот на независноста упати и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој порача дека новите генерации имаат обврска да го продолжат државотворниот континуитет и да се борат за европска Македонија, во која младите ќе имаат можности за живот, работа и семејство.

Честитка до граѓаните упати и лидерот на социјалдемократите, Венко Филипче, кој посочи дека СДСМ е дел од државотворниот континуитет.

„Нашите предци се бореа да имаме своја држава, а нашата генерација има обврска да се избори, нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за европска Македонија. Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа“, вели Филипче во празничната честитка.