Одбележување

Гаши: Заедно да градиме држава за сите

08.09.2026 13:04

„Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел“, истакна Гаши.

Државата се гради секој ден – со функционални институции, еднакво право за сите, со одговорност и работа, и со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата, вели во честитката, собранискиот спикер, Африм Гаши. 