Путин во Белград на 16-ти октомври

30.09.2014 15:47

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија на 16-ти октомври, потврди Кремљ. Со српскиот државен врв ќе разговара за „клучни прашања од билатералната соработка, пред се во економијата.“

Москва е заинтересирана да продолжи изградбата на „Јужен тек“, проект на којшто е посветена и Србија и покрај тензиите Русија-ЕУ.  Рускиот претседател ќе присуствува на прославата на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од нацистите, објасни шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.