Македонската машка одбојкарска репрезентација го почнува настапот на Евроволеј
Селекторот Јошко Миленкоски по вторпат ќе ги предводи најдобрите македонски одбојкари на едно големо натпреварување - Евроволеј 2026.

Македонската машка одбојкарска репрезентација утре ќе го започне својот настап на Европското првенство. За Македонија ова ќе биде четврто последователно учество на европските првенства, по дебито во 2019 година во Љубљана.
Селекторот Јошко Миленкоски по вторпат ќе ги предводи најдобрите македонски одбојкари на едно големо натпреварување - Евроволеј 2026.
За Миленкоски ова ќе биде последното Европско првенство на кое ќе ја предводи репрезентацијата. Тој и стручниот штаб се свесни за силната конкуренција што ја очекува Македонија во групата Б во Софија.
Македонските одбојкари ќе се натпреваруваат против домаќинот Бугарија, актуелниот европски шампион Полска, како и против Украина, Португалија и Израел.
Натпреварите од групната фаза ќе се играат од 9 до 16 септември во Софија. Трите најдобри репрезентации на Европското првенство ќе обезбедат директен пласман на Светското првенство на ФИВБ во 2027 година во Полска.
