Честитка од претседателот Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста
Независноста е избор направен во еден историски момент, а тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол на истрајноста и потсетник за сите генерации посветено да придонесуваме за иднината на Републиката, вели претседателот на Уставниот суд, упатувајќи честитка до сите граѓани.

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани.
Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката.
Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото.
Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.
Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!
