Вујо во „Кале“ прв пат против Комити
Овој со посебен вкус и набој откако и двете екипи стартуваа триумфално во елитната ЛШ, уште попривлечен поради враќањето на харизматичниот екс лидер на вардарци Веселин Вујовиќ и на некој начин емотивно зачинет со простувањето од легендарното скопско Кале...

Вардар и ППД Загреб во Скопје ја продолжуваат серијата двобои во Сеха лигата. Не може а да не биде дерби дуелот на единствените освојувачи на оваа лига и учесници на трите фајнл фор турнири досега.
Овој со посебен вкус и набој откако и двете екипи стартуваа триумфално во елитната ЛШ, уште попривлечен поради враќањето на харизматичниот екс лидер на вардарци Веселин Вујовиќ и на некој начин емотивно зачинет со простувањето од легендарното скопско Кале.
Многу поводи за ново парче врвен ракомет по експлозивниот старт на престижната ЛШ чиј дел беа двата вечерашни ривала. Вардарци без најдоброто издание но со Штербик на голот но со рутина на голем клуб, славеа на жешкиот терен во Цеље, загрепчани во импресивното второ полувреме сензационално го поразија германскиот шампион Кил.
Со огромна доза на самодоверба по викенд презентациите и одличниот вовед во регионалната лига, во оваа пресметка влегуваат и двете екипи. Победата е императив и може да биде клучна за рано обезбедување место меѓу четирите најдобри во Сеха, без оглед на тоа дали ќе се калкулира со составите.
Вардар во Цеље играше тешко и сеуште ја бара вистинската форма и моќ, додека Загреб без Вујо на клупата, но со неговиот победнички дух имаше импресивен настап и победа над Кил. Вечерва миленикот на Комитите ќе седи и ќе дебитира во спротивниот табор и ќе се обиде со новите дечки да покаже дека зебрите не се совладани среќно.
Кај нашиот вицепрвак ќе ги нема повредените Петриќ и Растворцев, во Цеље одмораа Стоилов и Ангелов, кои реално треба да бидат во составот, а дали тоа значи дека Штербик ќе одмора ќе биде познато пред натпреварот. Вујовиќ ќе ги нема на располагање бековите Мандалиниќ и Вуглач кои не се фит.
Во деветиот меѓусебен дуел со Загреб во Сеха лигата, Вардар влегува со предност од 5-2 во победи.
Ако не сте во „Кале“, бидете со МТВ 1 , преносот почнува во 20.10 часот!
