Каде е Македонија денес, а каде сакаат да биде граѓаните?
На овој ден, микрофонот е кај граѓаните. Ги прашавме што најмногу им остана во сеќавање во овие 35 години, со што се гордеат, каде сметаат дека потфрливме, но и каде ја гледаат Македонија во следните 35 години.

Пред 35 години граѓаните токму на ова место, ја прославија одлуката за самостојна и независна Македонија, а денеска одговорија на неколку прашања.
Од она што било преку она што е, до она што граѓаните сакаат да биде утре. Од спомените во реалноста. Три децении подоцна, дали Македонија е таму каде што граѓаните очекувале да биде од кога започна свој самостоен пат? Каде е денес Македонија?
Се вративме назад, ги прашавме што е она што ќе им остане длабоко во меморија од овие 35 години.
А кога ќе погледнеме напред по сите премрежја, промени и предизвици, каде граѓаните сакаат да ја видат Македонија во годините што доаѓаат?
По 3 ипол децении сеќавањата се различни, но желбата е иста. Македонија да оди напред.
Ана Јосифоска
