Мицкоски: Премалку сме да се делиме
Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“ – почна одмотувањето на процесите – од донесувањето на првиот Устав, воведувањето на денарот и приемот во обединетите нации, преку конфликтот во 2001-та и Охридскиот договор, Преспанскиот и договорот со Бугарија, приемот во НАТО и борбата за членство во ЕУ – тежок беше патот на Македонија. Но, Македонија е тука – ја има и ќе продолжи да ја има. На 8 Септември ја прославуваме независноста. На 8 Септември ја прославуваме независноста. Централната свеченост пред владата под мотото „Силно светнал ден“ – премиерот Мицкоски повика на обединување. Порача дека државата нема луѓе за делење и ниту една разлика не може да биде над Македонија. 35 годишнината е пресвртна точка – мораме да успееме, а не само да преживуваме, немаме друга алтернатива освен ЕУ, бараме фер решение, граѓаните ќе знаат дека државата постои за нив, а не тие за неа.

Да застанеме цврсто и заеднички да ги браниме интересите на нашата земја. Премиерот Мицкоски со празничен повик до, како што рече неистомислениците, поделбите да престанат, суетите да се останат настрана и да се постигне единство за стратешката цел. Мицкоски е спремен да даде шанса на дијалогот, но не по цена на националните интереси. Повтори: компромис за идентитетските прашања нема да има.
Шефот на владата уверува дека ќе се најде излез за блокадата од Бугарија, но за тоа да се случи потребно е како што вели, да се изгради доверба. А доверба ќе има ако не се игнорираат пресудите од Стразбур и се престане со барање на корените на македонскиот народ.
Зборувајќи за историските прилики и аналогијата на Андреевски дека народот овде е како пиреј, Мицкоски рече дека е дојдено време да се направи нешто повеќе од сиров опстанок и преживување. Императив е државата во децениите што претстојат да победува во мир така што ќе произведува знаење и ќе гради институции кои нема да зависат од волјата на поединецот.
Мицкоски заклучи дека по 35 години независност, државата нема луѓе за делење и дека Македонија мора да биде поголема од разликите и да им припаѓа на сите граѓани. Определбата е пат нанапред, рече Мицкоски, а ветување кон идните генерации е дека ќе им оставиме држава поголема од поделбите и посилна од искушенијата.
Анита Димитријевска-Велковска
