ПИСА
Македонските ученици повторно под просекот
08.09.2026 20:28
Резултатите за 2025 што беа објавени денеска покажуваат дека нашите ученици се под просекот по математика, читање и природни науки. кај математиката дури има и назадување.

Македонија и натаму заостанува на тестирањето на Писа. Резултатите за 2025 што беа објавени денеска покажуваат дека нашите ученици се под просекот по математика, читање и природни науки. кај математиката дури има и назадување.
Најслаби резултати се забележани во читањето со разбирање, односно способноста на учениците да анализираат и критички да размислуваат за содржините. Во тестирањето учествувале речиси 7 илјади ученици од 124 училишта на возраст од 15 години.
