Три активни пожари во Македонија, 34 регистрирани во последното деноноќие
Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод, кај селото Белица, на местото Кајорец кон Брезница, каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума, како и во Чучер-Сандево, кај селото Брест, на местото Рамно, каде што гори мешана шума.

Во Македонија сè уште се активни три пожари на отворен простор, додека седум се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати. Во периодот од 8 до 9 септември до 7:30 часот биле регистрирани вкупно 34 пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец – Локов – Селце – Елевци, каде што гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод, кај селото Белица, на местото Кајорец кон Брезница, каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума, како и во Чучер-Сандево, кај селото Брест, на местото Рамно, каде што гори мешана шума.
Под контрола се пожарите во Бенче и кај Кичево, како и во Печково, Стиник, Бардовци и Копаница.
Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати 24 пожари на повеќе локации низ земјата, меѓу кои во Росоман, Крива Паланка, Гостивар, Тетово, Куманово, Прилеп, Крушево, Сарај, Гази Баба и други општини.
Изгаснати биле и пожари на повеќе депонии и места со отпад, меѓу кои во Идризово, Студеничани и Жилче, како и кај градските и Новите гробишта во Крушево и Прилеп.
