свет

Украина: Продолжија нападите по тридневното примирје

09.09.2026 08:25

Две лица загинаа а неколкумина се ранети откако Русија го бомбардираше украинскиот главен град Киев со беспилотни летала и ракети, со што се стави крај на паузата во нападите меѓу завојуваните земји во момент кога американските претставници беа на разговори со две страни...

Рускиот и американскиот претседател Путин и Трамп разговараа по телефон за прекин на конфликтот во Украина. Шефот на Белата куќа изјави дека сака напредок во преговорите што е можно поскоро, соопшти Кремљ. Две лица загинаа а неколкумина се ранети откако Русија го бомбардираше украинскиот главен град Киев со беспилотни летала и ракети, со што се стави крај на паузата во нападите меѓу завојуваните земји во момент кога американските претставници беа на разговори со две страни. Повеќе од 50 локации беа оштетени.

Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха го обвини рускиот претседател Путин за поткопување на мировните напори на сад. украинскиот претседател Зеленски изјави дека нападот бил сложен и изгледал намерно дизајниран да предизвика максимална штета.