Македонија
Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, се предаде на полицијата
09.09.2026 08:26
Поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предаде на органите на прогонот, откако беше во бегство.

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава сам се предал на органите на прогонот, откако подолг период беше во бегство.
Бајрами во 05:35 часот самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи и бил лишен од слобода. Ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.
Тој е еден од обвинетите во случајот „Државна лотарија“ во кој се гонат и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Судењето за случајот продолжува в петок.
