Македонија

Конференција во Собранието за регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ

09.09.2026 10:11

Конференцијата ќе ги собере претставници на Европската комисија, парламентите од Западен Балкан и експерти од областа на европските интеграции. Во фокусот ќе бидат регионалната парламентарна соработка, реформската агенда и јакнењето на надзорната функција на парламентите.

Во Собранието денеска и утре ќе се одржи дводневната конференција „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“, на која ќе се разговара за улогата на парламентите и ефикасниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија.

Конференцијата ќе ги собере претставници на Европската комисија, парламентите од Западен Балкан и експерти од областа на европските интеграции. Во фокусот ќе бидат регионалната парламентарна соработка, реформската агенда и јакнењето на надзорната функција на парламентите.

Денеска се предвидени сесии за улогата на парламентите на Западен Балкан во пристапувањето кон ЕУ, парламентарниот придонес кон регионалната соработка, парламентарниот надзор и успешните парламентарни практики.

Утре ќе се разговара за зајакнување на парламентарниот надзор врз реформската агенда, како и за можните новини во процесот на проширување на ЕУ и нивното влијание врз земјите од регионот.

Поздравни обраќања ќе имаат генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, министерот за европски прашања Беким Сали и вршителот на должноста амбасадор на Германија, Јан-Аксел Фос.