Култура
Концерт во КИЦ Софија по повод 35 години од независноста на Македонија
09.09.2026 11:05
На концертот ќе настапат оперскиот пејач Никола Зацески и пијанистот Бојан Димитровски.
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе се одржи концерт посветен на 35-годишнината од осамостојувањето на Македонија. На концертот ќе настапат оперскиот пејач Никола Зацески и пијанистот Бојан Димитровски.
Преку своите интерпретации, уметниците ќе понудат празничен музички мозаик посветен на Македонија, нејзината култура и музичко наследство.
Од Македонскиот културно-информативен центар во Софија велат дека концертот е музички поклон кон генерациите кои го чекореа патот до 8 Септември и прослава на историскиот датум.
