Македонија

Дезинсекција против ларви од комарци денеска на повеќе локации во Скопје

09.09.2026 09:49

Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира, активностите ќе бидат спроведени првиот нареден ден со поволни услови.

Град Скопје денеска ќе спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци на повеќе водни површини во главниот град, како дел од редовните мерки за контрола и намалување на нивната популација.

Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира, активностите ќе бидат спроведени првиот нареден ден со поволни услови.

Од градските власти ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.